Николас Кејџ ќе го глуми Николас Кејџ во филм за Николас Кејџ

Филмот „Unbearable Weight of Massive Talent“ е во последната фаза преговори и планови да биде превземен од продукциската куќа Лајонсгејт.

383

Холивудскиот актер Николас Кејџ наводно е во преговори да се глуми самиот себе во филмот за тоа како тој се обидува да добие улога во новото остварување на Квентин Тарантино.

Филмот „Unbearable Weight of Massive Talent“ е во последната фаза преговори и планови да биде превземен од продукциската куќа Лајонсгејт, пренесува „Холивуд репортер“.

Во остварувањето Кејџ наводно и зборува на егоистичната верзија на самиот себе, која истовремено ја исмева својата идна верзија што не станала позната и што има снимено голем број нискобуџетни филмови.

Ликот на Кејџ се обидува да се избори и со долговите, па се согласува да се појави на роденденска забава на обожавател и член на мексиканскиот нарко-картел, кој сака да го види сценариото кое Кејџ го напишал.

Паралелно со сите случување, Кејџ се обидува да ја усреќи својата ќерка тинејџерка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...