Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата го гледаше филмот „Џокер“ во салата за проекции во Белата куќа, а по проекцијата наводно рекол дека уживал во филмот.
Филмот и комерцијално и меѓу критичарите доживеа голем успех. На Филмскиот фестивал во Венеција, мрачната драма во која глуми Хоакин Феникс го освои Златниот лав.
Благајните на киносалите низ целиот свет објавија дека „Џокер“ заработил 999 милиони долари во четвртокот, па затоа може да се каже дека вкупната сума досега надминувала една милијарда долари.
„Јаху њуз“ го потврди твитот од новинарот на Си-ен-ен, Шимон Прокупец, дека Трамп во саботата го гледал филмот, и исто така ја пренесе изјава на висок функционер на Белата куќа, кој рекол дека на претседателот му се допаднал филмот и дека уживал во него.
Британски „Индепендент“ пишува дека не е целосно јасно дали тоа се должи на фактот дека ликот на Роберт де Ниро, еден од најжестоките критичари на Трамп, во филмот завршува трагично.
Жителите на Белата куќа можат да ги гледаат филмовите во салата за проекции, а имаат и привилегија да уживаат во филмовите пред да бидат официјално прикажани во киносалите.
Приватна киносала во Белата куќа во 1942 година побарал да се изгради тогашниот американски претседател Франклин Делано Рузвелт, а одлуката за нејзиното отворање за јавност пред две години ја донесе Меланија Трамп.
Сместена е во источното крило на Белата куќа кое го опфаќа и атомското засолниште од Втората светска војна.
ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL