Омилената поза открива многу за врската, па така паровите кои ја практикуваат позата „каубојка“ сакаат да експериментираат, додека позата наречена „лажица“ ја сакаат оние на кои најважна им е интимноста.
Еве што зборува омилената секс поза за вас и вашата врска:
Мисионерска поза e знак на стабилна врска
Динамиката во креветот открива многу за самата врска. Паровите кои ја сакаат мисионерската поза веќе долго време се заедно и речиси едни со други си ги завршуваат речениците. Нивниот брак е стабилен, но и во рутина. Меѓутоа, ним тоа не им пречи, бидејќи во таквиот однос се чувствуваат удобно и сигурно. Љубовта што ја чувствуваат еден кон друг со годините се продлабочила, но малку разновидност во спалната соба нема да им штети, тврди американската експертка за врски и секс, Ники Рансом-Алфред.
Поза „каубојка“ – овој однос се темели на компромис
Позата во која жената е горе е знак дека ваквите парови знаат да се забавуваат. Тие се самоуверени, сакаат да експериментираат и да ја истражуваат сопствената сексуалност. Нема да се двоумат и сами ќе се погрижат за своето уживање.
Врската им се темели на компромис и доверба, а секој од партнерите еднакво се труди околу решавањето на проблемите, тврди основачката на порталот за љубов и романтика „My Secret Luxury“, Стејси Рибчин.
„Кучешка поза“ – овие парови се искрени и отворени
Паровите кои уживаат во т.н. „doggy style“ (кучешка поза) имаат забавна врска полна со авантуристички моменти. Тие се искрени и отворени во сексот, но и на сите полиња во животот. Партнерите се сигурни во својата сексуалност и не се срамат од своето тело поради што без нимало двоумење уживаат во креветот. Не им се непознати ни жешките игри со кои настојуваат да го зачинат својот сексуален живот, пишува Shine.Yahoo.
Позата лажица (странично) – длабока емоционална поврзаност
Позата во која и двајцата партнери лежат на страна, со тоа што мажот е зад жената, е поза која овозможува посебна интимност. Паровите кои уживаат во позата наречена „лажица“ се грижливи и лојални, а најмногу од сè копнеат по постојан физички и емоционален контакт. Тие одлично се разбираат, особено на емотивно ниво.
Секс на брзина – во оваа врска недостасува страста
Под туш, во автомобил или на кујнската работна маса, овие партнери го користат секој слободен момент за секс. Нивната врска е динамична, страсна и пред сè, спонтана. Таа страст ги носи толку далеку така што понекогаш не можат да ги тргнат рацете едниот од другиот.