Пратеникот на ДУИ во истрагата на СЈО кажал дека бил во Општина Чаир ама не уништувал изборен материјал

482

Пратеникот Ејуп Алими од ДУИ, денеска го повлече предлогот да даде исказ како обвинет во случајот „Титаник 3“, па обвинителката Фатиме Фетаи побара, а судот дозволи во судница денеска да се прочита неговиот исказ даден во истрагата.

Во исказот во рамки на истрагата, тој рекол дека на изборите во 2013 не бил во Општина Чаир да уништува изборен материјал како што се товари, туку дека ја во холот ја чекал сопругата која била претседател на изборен одбор во Чаир.

Претходно, кога Фетаи бараше да се прочита исказот посочи дека Алими во истрагата бил испрашан како осомничен, а тој го тврдеше спротивното односно дека бил испрашан како сведок, дека немало „жив човек“, а записникот дури подоцна го потпишал на ѕид.

Покрај Алими, во „Титаник 3“ обвинет е и Исмет Гури од ДУИ. Двајцата се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...