Костадинов: Антикорупциска веднаш да почне проверка на имотот на судиите и обвинителите

297

Додека не почне ветингот за сите судии и обвинители без ислучок, ја повикавме ДКСК бидејќи го има правото да направи и отвори постапки за потеклото на имотот на сите судии и обвинители.

– Одговорност мора да има, но ние како сериозна и одговорна партија мора да внимаваме на ниту еден начин да не се остави впечаток дека се вмешуваме во постапките или во правосудните органи кои треба да бидат независни. Од таа причина мора да се констатира со жалење, дека очигледно некои одвнатре од судските власти, недозволува Груевизмот да биде искоренет целосно, поради таа причина кога збориме за ветинг ќе ни треба можеби и меѓународни експерти кои ќе се вклучат во целосниот процес, секако и експертаската јавност, и ќе внимаваме и ќе побараме поддршка од ЕУ во однос на Академијата за судии и обвинители за да може државата да произведе доволно судии и обвинители кои ќе одговараат на постапките, ги знаеме примерите, и од Албанија и од државите каде што се одвивал ветинг, но и побрзо завршил и не биле доволно консултирани експертите и знаеме дека наидоа со одредени проблеми, пред се граѓаните. Но до тогаш, јавно ја повикуваме ДКСК да поведе постапки и да го преиспита имотот и да бара потекло на имотот за сите судии и обвинители, без исклучоци – рече Костадин Костадинов портпарол на СДСМ.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...