Обезбедени нови 40 автоматски агитатори за Институтот за трансфузиона медицина

32

Стремејќи се кон унапредување и стандардизација на Институтот за трансфузиона медицина, во согласност со европските препораки за квалитет во крвната банка, обезбедени се 40 автоматски агитатори, соопшти Министерството за здравство.

Функцијата на овие агитатори се состои во следење на процесот на дарување на крв (времетраење, количина, кој пунктер, регистрација на неусогласености при дарување), регистрација на сите податоци за кесата која се употребува за крводарување и онлајн миграција на сите податоци директно во националниот информатички систем за крвна банка e-Delphyn.

Агитаторите се поделени на стационарни за Институтот за трансфузиона медицина, Центрите за трансфузиона медицина во Штио, Битола и Тетово, како и мобилни во рамките на мобилните екипи за собирање на крвни единици.

Со ова, се заокружува процесот на усогласување на работа според европските директиви.

Во Институтот за трансфузиона медицина реновирани се просториите, обезбедени се нови комбиња, фрижидери и апарат за харвестрација на матични клетки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...