Синдикатот на војници: Фала за покачените плати, но дајте ни униформи и чизми

179

Пофалба до Министерството за одбрана за покачувањето на платите во Армијата, за решавањето на станбенето прашање и за решението за вработување на 74-та генерација од Армијата во затворската полиција, упати денеска Независниот синдикат на професионални војници на Македонија (НСПВМ).

Од Синдикатот најавија и протест доколку не се најде решение за 75-та генерација војници, кои навршуваат 45 години старост, со барање да бидат превземени во Граничната полиција.

– Во текот на 2017 година НСПВМ со Владата се договори 75-тата генерација во Армијата да бидат префрлени во Граничната полиција. Бидејќи тоа не е реализирано, а рокот се ближи, НСПВМ на 23 ноември в сабота со припадниците на Армијата ќе протестира пред Владата за да ја потсети на договореното – истакна претседателот на Синдикатот, Аднан Алити.

Од Синдикатот побараа и поскорешно решение за проблемот со униформите, бидејќи како што нагласи Алити, војниците веќе три години се со позајмени униформи, но без чизми. Тој апелираше до Министерството да ја покачи и деневницата, која според него, 20 години изнесува 610 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...