Порака од Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги запре нуклеарните тестирања и тестирањата на интерконтинентални балистички ракети. Исто така ќе ги затвори полигоните за тестирање на северот на земјата за да докаже дека ќе ги суспендира нуклеарните тестови. Направен е прогрес за сите!, напиша американскиот претседател, Доналд Трамп на Твитер за одлуката на Ким Џонг-ун да ги запре нуклеарните и ракетните тестирања.
– Ова е многу добра вест за Северна Кореја и за светот – голем прогрес. Со нетрпение го очекувам самитот – додал Трамп.
Како што претходно најавија двете држави, Ким Џонг-ун и Доналд Трамп би требало во мај или јуни да го одржат нивниот прв состанок.