Францускиот нон – пејпер нема да не пишмани – датум во новиот пакет за проширување

474

Францускиот нон-пејпр, посветен на новата методологија на ЕУ, е под лупа на македонската дипломатија и се уште не е познато какви ќе бидат нашите забелешки, но јасно е дека Македонија нема да отстапи од зацраниот пат и ќе бара во пакетот со новата методологија за проширувањето да влезе и датумот за почеток на преговорите, велат неофицијално дипломатски извори.

Реакција и евентуално првични забелешки за францускиот документ побаравме и од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи кој се очекува денеска да се срене со францускио амбасадор Кристиан Тимоние, но тој одговор, односно изјава најави за попладнево откако ќе заврши средбата со Тимоние.

Нон пејперот е испратен до сите земји-членки на Европската унија, а амбасадорот Тимоние денеска рече дека од француската Влада добил укажување документот да ѝ се достави и на македонската влада каде е во тек негово разгледување.

Владеењето на правото и човековите права и во нон пејперот на Франција која предложи построги услови во проширувањето на ЕУ зазема ценрално место. Елисејската палата бара процесот на придружување да биде постепен со построги услови, поконкретна корист и според принцип на реверзибилност.

Принцип на враќање назад (реверзибилност), Франција предлага за оние земји, кандидатки кои делумно или воопшто не исполнуваат одредени критериуми или пак престанале да ги исполнува преземените обврски. Тогаш, предлага Франција, или да запре финансиската помош на земјата или да се случи суспензија, во случај да се доведени во прашање основните вредности на ЕУ.

Нон-пејперот предвидува и дополнителна финансиска помош во предпристапниот период за Западен Балкан, а тоа значи пристап до структурните фондови кои сега се резервирани само за земјите-членки на ЕУ.

Македонската влада ги поздрави четирите француски предлози, изразувајќи надеж дека ова ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Очекувањата на Франција која даде серизони забелешки за политичките, економските и социјалните реформи кои смета дека во земјите кандиати се одвиваат премногу бавно, се дека Европската комисија новата методологија ќе ја објави до јануари в година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...