Вознемирувачки пораст на број на заболени деца од рак во Горна Јура, Франција

525
ФОТО: Пикселс / БЕСПЛАТНА ФОТО

Во околината на Русе, во близината на границата со Швајцарија, регистрирани се десет случаи на рак кај деца, јави дописникот на МИА.

Регионалната здравствена агенција (АРС) за Бургундија Франш-Комте соопшти дека почнала епидемиолошко истражување по откривањето на десет сомнителни случаи на педијатриски карциноми во Горна-Јура. Деца од шест месеци до 13 години кои живеат во општините Русе, Морбие, Морез, Сен Пјер и Преманон.

АРС посочува дека го информирала Јавното здравство на Франција, агенција под надзор на Министерството за здравство, за да иницира епидемиолошко истражување за овие случаи и да побара можно објаснување. На 14 октомври се одржала првата информативна средба за семејствата.

Во интерес на транспарентност и слушање на семејствата, целта беше да се разговара за пристапот, целите, методите и вклученоста на овие семејства во овој процес, кој сега е во тек, се наведува во соопштението. АРС.

Русе е планинско одморалиште со 3.500 жители.

– Неверојатно, дури и на Франс Инфо (националниот јавен сервис), тие зборуваат за нас. Облакот од Чернобил помина многу одамна и овде воздухот е чист, нема хемиски фабрики. Можеби тоа е поради глифосатот во Аин – изјави една мајка.

Имено, таа го наведе и неодамнешниот случај на бебиња родени без раце во департманот Аин, во близина на Горна-Јура.

РЕМЕРА (Регистарот на малформации во Рона-Алпи) наведе дека осумте случаи на малформации кај бебињата на територија во радиус од само 17 километри  се должи на загадување со пестициди или токсини и контаминирана вода.

Француските властите апелираат да не се создава психоза кај граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...