Серија земјотреси почувствувани во Битола, епицентарот во Грција

112
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Серија земјотреси чии епицентри припаѓаат на пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во соседна Грција се регистрирани вчера и во текот на денешниот ден, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Два од нив, од кои едниот утринава во 07.41 часот и вториот вчера во 15.40 часот, се почувствувани во околината на пограничниот премин Меџитлија со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и во околината на Битола со интензитет од три степени.

Првиот земјотрес бил со Рихтерова магнитуда од три степени, а вториот со магнидута 3,3 степени.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...