Лејди Колин Камбел ги згрози Британците пред малите екрани со нејзините тврдења дека ангажирање секс со малолетници „не е исто со педофилија“, пренесува „Метро“.
Седумдесетгодишната Камбел го изнервира и водителот Пирс Морган, бидејќи делуваше како да ги брани лицата кои ангажираат однос со малолетни сексуални работнички.
Таа се појави во шоуто на Морган за да го каже своето мислење за интервјуто на принцот Ендру и неговото пријателство во осудениот милијардер педофил Џефри Епстејн. Потоа Камбел се осврна на своите мислења за сексуалната работа и за оние кои ангажираат деца за секс.
Зборувајќи за Епстејн и неговите обвиненија, таа го бранеше неговото пријателство во принцот. Потоа таа шокираше:
– Вие изгледа заборавивте дека Џефри Епстејн беше обвинет и беше во затвор за ангажирање проституција на малолетници. Тоа не е исто како педофилија.
Пирс, кој не очекуваше таков одговор, праша, тогаш што е тоа?
Таа одговори со „проституција“.
– Ако ангажираш 14-годишничка за проституција, ти си педофил – рече Пирс.
На што таа рече дека „не е важно“, па Пирс ја прекина:
– Важно е. Ангажираш малолетничка за секс. Тоа е тоа поради што тој беше осуден. Жал ми е, со почит, тоа што го зборувате се глупости.
– Така ли? 14 години? Па, јас не го бранам Џефри Епстејн. За педофилија, сметам дека е различно помеѓу малолетник и дете – рече таа и продолжи дека малолетникот не е дете (и покрај тоа што според закон, е).