Опколени демонстрантите во Хонг Конг, тие го запалија влезот во универзитетот

Полицијата го прогласи кампусот за „место на нереди“, што значи дека на насилниците им се заканува казна затвор до 10 години.

56
ФОТО: EPA / FAZRY ISMAIL

Полицијата во Хонг Конг денеска ги опколи демонстрантите кои се забарикадираа на кампусот на Политехничкиот универзитет, со што речиси шестмесечната криза влезе во нова опасна фаза.

Денеска пред зора одекнаа неколку гласни експлозии, а потоа на влезот во Универзитетот се распламтни оган, што според локалните медиуми значи дека демонстрантите го одбиле обидот на полицијата да влезе во кампусот.

Полицијата го прогласи кампусот за „место на нереди“, што значи дека на насилниците им се заканува казна затвор до 10 години.

Се проценува дека на кампусот се забарикадирани околу 800 демонстранти, на кои не им е дозволено да излезат од универзитетскиот комплекс, со што се ослободени околните улици по дведневните барикади.

Полициски службеник во Хонг Конг вчера беше погоден од стрела кога полицијата употребила солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите кои го окупираат кампусот на универзитетот.

Демонстрантите од покривот на универзитетот ја гаѓаа полицијата со стрели и молотови коктели, а тие одговорија со солзавец и водени топови.

ФОТО: EPA / FAZRY ISMAIL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...