НИШЕСТЕ (ГЛУТЕН) Напреден приручник за колумнисти

1398

Ја уште кој решив да се занимавам со новинарство, одма сетив дека не љубим пишуење и да не губим време се префрлив на овја, електронсќине медиуми. Љубим да читам, и тоа колумне, и затоа еве напраев неколку напора да се прикључим у ова друштво (колумнисти) и одма се разочарав.

Значи таќе сте ме уљутиле, па можеше ова да ми го напраете ,одма да ме откажете? Па како тоа бе људи првата колумна 10.000 читања другата 2.500. Исти мастраф стаев у двете, прича има у двете, аргументи у двете, друштвено ангажирани и двете, закључак у двете. Кеј са бе овја 7.500 људи? ( Иначе сум суетен новинар, без претензија да го рушим ѕидот дома што ми смеќаа, а не влада).

И таќе уљутен, прашуем еден од овја, стари пишуачи на колумне, кеј сум га згешил работава, а тој ни едно ни две ми вика: „Види ваму, до нишестето је. У првата го погоди нишестето, у втората имаше нишесте чат-пат и тоа ти е”. И отиде. Останав позинат…

Па си викам, пa ја дома имам стручњак за нишесте. Св’ки дн прае колачи за слава и им упикуе нишесте и идем да се консултирам: „Абе жено, прашуем, што им прае нишестето на колачиве?”

„Ееееее вика, нишестето го прае компактно колачето, и га хомогенизира масата у него за да не се раскашка”. Абе одма ми се упали сијалицата што сакал да ми каже стручњакот.

Тачно. У првата колумна имаше албанско нишесте у македонското колаче и одма се хомогенизираше масата. У другата ставав од дотичново нишесте само ради поенте и ми се раскашка колачето.

И сега ми је све јасно, па мие смо нишесте општество бе….

Абе македонско колаче без албанско нишесте, па тоа је опасна работа, па тоа таќе може да се раскашка да постои могуќност да га изгуби формата скроз. За воља на вистината, и албанско колче без македонско нишесте је опасно, море уште поопасно, тоа одма го добија онја специфичен мирис на барут.

И одма ги листам последните 100 колумне. Овја од 500 до 1.000 читања тиа немаа нишесте ич.

Ама се запрепастив кој видов 15.000 читања, 20.000 читања и одма га фатив поентата. Па туе, бе брат, се користа напредни врсте на нишесте и у принцип са све брендирани.

Еве, на пример, колумна од 15.000 читања. Туе користиш љуто нишесте (ја пошто сум почетник у ова, не знаев дека има и такво? ама учим). Го има со две декларације (на македонски и на албански). Ако сакаш да стегнеш пола македонско колаче и пола албанско го земаш тоа со албанска декларација има етикета З.С.(автохтоно нишесте, љути па растура, промаш немаш). Ако сакаш пола македонско и цело албанско колаче да го стегнеш (хомогенизираш), го земаш тоа со македонска декларација има етикета Х.М. (абе, едно релативно тазе нишесте, ама љути што да ти кажуем, по потреба можеш да га користиш и extra hot варијантата) и нормално и овде промаш нема.

Е сега шо праемо со колумневе 20.000+ читања. Е туе ги фатив како стариве колумнисти користа А.А. нишесте. Тоа уште на опаковката ти кажуе за каков квалитет стануе збор, А.А. Тоа је ка Вегета. У све влага. Нема колаче што го нема. А богами ова нишесте се користи и у колумнете што са ка манџа. Само има проблем со рокот на употреба. Од старата генерација на нишесте било и не стегнуе сега убоо на ниедна од страневе ка порано.

И нормално имаш неутрално нишесте З.З. Тоа пред едно време беше на промоција чак и на запад (предвидено за извоз). Тоа, еден тар, вржуеше невероватно, у какво колаче и да го стаеш, ама некој изгледа (се плашим намерно) уште од старт го остаел отворено нишестето и има попримено… И сега вржуе, ама…..Ама пошто је брендирано упикуеш 20.000+ читања без проблем.

Ова нишесте је многу убоо кој си без идеја (важи само за редовни колумнисти) и кој можеш да згрешиш. Пошто је неутрално, кеј и да го стаеш – и ка да си го стаел и ка да не си го стаел. Само по себе ова нишесте за 24 саата, некоаш и побргу, се вржуе со другите у састојци у колачето. И кеј свите тоа стануе интересно, ал је туе ал не је, ал го има ал го нема, ал ќе стегне ал не…

Пошто произвоѓачов на ова нишесте увидел некој недоследности у технологијата на изработка на производот, сака малу да го препрае у следниве месеци и таму негде кеј април да извади нова серија. Е сега, ал ќе успее ал не, ќе видимо…

И за крај, ја дур не ги научим свите дрндупќе, како се пишуа колумне со читаност 20.000+ не пишуем више. До средина на избори.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...