Нема да се гради регионална депонија во Битола, посочува министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, откако во јавноста се рашири информацијата дека битолчани ќе добијат ваква депонија крај својнот град.
„Морам да одговорам на шпекулацијата која се јави денес во битолската јавност, со цел вознемирување на граѓаните. Разговарав со премиерот Заев и можам да ве уверам дека никаква регионална депонија од Југозападниот регион, Владата нема да гради во Битола. Депонијата од Југозападниот регион мора да биде на територијата на тој регион. Никаква депонија министерот за локална самоуправа, ниту Владата нема да носат во Битола и битолчани можат да бидат спокојни по тоа прашање“, реагира Милевски.