Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од два до 13, а дневната од 18 до 24 степени.
Во Скопје слично време со утринска температура до 8 и дневна до 23 степени.
Во наредните денови ќе биде стабилно и суво и од недела ќе има пораст на дневната температура. Во вторник се очекува извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд.