Министерството за здравство денеска во Градскиот парк организира забавно-едукативен настан по повод одбележувањето на Европската недела на имунизација.
На настанот ќе учествуваат деца од повеќе градинки и училишта од Скопје, деца од хорот „Златно славејче“ и анимирани ликови. Најавено е обраќање на министерот за здравство Венко Филипче.
Европската недела на имунизација годинава се одбележува по 13 пат во периодот од 23 до 29 април под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај“.