Продолжува да паѓа популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон, 33 отсто од Французите велат дека се задоволни од работата на шефот на нивната држава, јавува дописникот на MИА.
Популарноста на Емануел Макрон загуби еден поен во ноември, само 33 отсто од Французите се задоволни од неговата работа, наспроти 65 отсто (+1) кои се незадоволни, покажува истражувањето на „Ифоп“ за „Ле Журнал ди Диманш“.
Бројот на оние кои не се изјаснуваат останува на 2 отсто.
Ова е вторпат како неговата популарност забележува пад, по падот од еден поен во септември. Месеците претходно, неговата популарност посетепно се зголемуваше откако во најголемиот ек на кризата на „жолтите елеци“ падна на 23 отсто.
Популарноста на премиерот Филип Филип се зголеми за еден поен во ноември, на 37 отсто, додека незадоволните остануваат стабилни на 60 отсто. Стапката на испитаници кои не сакаа да се изјаснат за pремиерот се повлекува за еден поен, на 3 отсто.
Photo: EPA / MICHEL EULER