Мицкоски отфрли антиквизација и севернизација, УМС му запеа „Едно име имаме“

1422

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната 28. конференција на УМС, порача дека денот на предвремените парламентарни избори 12 април е вториот 8 септември.

– Дали ќе биде лесно? Не. Дали ќе ги решиме сите големи проблеми кои постојат? Не знам. Ама дали со сите сили ќе се бориме да успееме – е тоа Да!, и тоа како ви го ветувам на сите вас – рече Мицкоски.

Тој во говорот отфрли антиквизација и севернизација на Македонија, туку зборуваше за македонизмот како космополитска идеја, а присутните на конференцијата на УМС во тој момент му запеаа.

– Колку и да сакаат луѓето од сегашната власт да не наречат екстремни националисти, знаат дека ние сме родољуби патриоти кои си ја сакаат земјата и ги бранат заедничките интереси. И кога говорам за македонизмот говорам дека тој е основата на нашето општество на која треба да се развиваме. Ниту антиквизацијата ниту онаа насилна севернизација која ни се турка во последно време уку македонизам како космополитска идеја која треба сите нас да не врзува и да нè обединува – рече Мицкоски, по што публиката почна да ја пее „Едно име имаме“.

Мицкоски аплаудираше додека се пееше песната и порача: „Било и ќе биде“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...