Шведската академија ги менува правилата за доделување на Нобеловата награда поради скандал

797

Шведската академија, која ги избира добитниците на Нобеловата награда за литература, објави денеска дека имињата на некои од поранешните добитници протекле во јавноста пред одлуката и најави дека ќе ги промени правилата на функционирање.

Истот така, соопштиле дека не биле запознаени со секс – скандал на сопругот на една од членките на Академијата.

Во истрагата на тој случај утврдено е дека имињата на некои од добитниците протекле во медиумите. Ангажирана е една правна компанија за да ги истражи случувањата, пренесува Ројтерс.

Истрагата покажала кршење на правилата за доверливост на Академијата во делот на доделувањето на наградите за литература, но не потврдиле кој бил изворот на информациите и за кои добитници станува збор.

Шведската академија најавила дека ќе ги заостри правилата и процедурите, но дека комитетот кој годинава доделува награди ќе продолжи да работи и покрај скандалот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...