Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на вчера од 6 до 24 часот спровело акција за откривање возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.
Во неа, казнети се 17 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени биле и 25 останати прекршоци, за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.
За откривање на пијани возачи, пак, се спровела акција која траела синоќа од 22 до 4 часот утрово при што казнети биле 12 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени биле и 26 останати прекршоци, за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози.