Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека мигрантот, кој бил повреден за време на полициска акција во Горски Котар во саботата попладне, се здобил со тешка повреда и бил пренесен во болницата во Риека.
Во текот на постапките на полициските службеници, повредена е странски државјанин осомничен за нелегално престојување во област на Горски Котар во саботата попладне во Хрватска.
– Хрватската полиција постапувала во заштита на границата… Во акцијата еден мигрант е повреден. Според досегашните информации веројатно дошло до повреда проади употреба на огнено оружје. За тоа ќе испитува надлежно обвинителство што ќе спроведе истрага – изјави Божиновиќ за ХРТ .