Министерот за здравство на Србија: Вучиќ беше во животна опасност

2222
ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за Танјуг нагласи дека претседателот на државата Александар Вучиќ имал хронични, помали проблеми со срцето, но дека неговата здравствена состојба се влошила во петокот, кога решил да се обрати на лекари од ВМА.

– Веднаш по приемот, беше проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен – изјави министерот Лончар.

Според министерот, претседателот Вучиќ добро реагирал на терапијата што му била пропишана и му било препорачано да ги намали своите редовни активности во наредниот период со цел целосно да се опорави од влошената здравствена состојба.

ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...