Метју Пери и Кортни Кокс отсекогаш биле во одлични односи, уште од кога започнаа да ја снимаат хит-серијата „Пријатели“. Како на малите екрани каде што глумеа најдобри пријатели кои се вљубуваат и се венчаат, така и надвор од сетот – секогаш се дружат одлично.
Сепак, тајната чувана долги години, излезе на виделина. Имено, како што тврдат странските медиуми, Пери отсекогаш бил во вљубен со Кортни!
Американскиот таблоид „ЈуЕс викли“ пишува дека анонимен извор близок до актерот тврди дека Метју „отсекогаш бил бљубен во неа“.
– Никогаш не ја преболе до крај – додал изворот.
Ова наиде на огромно воодушевување кај обожавателите на двајцата актери, кои им порачуваат дека сега е вистинско време да започнат вистинска романса.