Квалификации за ЕП 2020: Македонија поразена од Австрија

Давид Алаба и Штефан Лајнер беа стрелци за Австријците, додека Влатко Стојановски беше прецизен за „жолто-црвените“ во финишот од дуелот.

111

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз со 2:1 на гостувањето кај Австрија во квалификациски дуел за ЕП 2020.

Со вечерашната победа, домаќините си обездија пласман на завршницата на континенталното натпреварување следната година. За нашата селекција останува шансата за пласман на ЕП 2020 преку баражот во Лигата на нации во март. Во полуфиналната пресметка играме со Косово.

Нашата репрезентација на „Ернст Хапел“ излезе во ослабен состав, откако поради повреди не настапија Пандев, Адеми, Алиоски, Муслиу, Несторовски, Николов и Тричковски. Селекторот Ангеловски им даде шанса на неколку дебитанти.

Давид Алаба и Штефан Лајнер беа стрелци за Австријците, додека Влатко Стојановски беше прецизен за „жолто-црвените“ во финишот од дуелот.

На Македонија и останува последниот дуел од овој квалификациски циклус со Израел, откако со победа ќе се надеваме на пласман на третото место во групата „Г“.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...