Заев: Целосен ветинг во прасудството ќе има, и во судството и во обвинителството

497

Создадовме амбиент соодветен, донесовме закони, секој обвинител и судија да работи независно. Еве денеска имаме специјални обивнители во затвори, затоа што законот важи еднакво за сите, што беше мисловна именка пред 2 години. Но, слободата, не дозволува да застаруваа предметите ниту да нема одговорност, потача премиерот Зоран Заев од митинг во Велес.

-Баравме целосен реизбор во судството, не дозволи Европа затоа што секој треба поединечно да одговара, а сме немале ресусрс од каде да надоместиме тој дел од праводуството. Еве овде од Велес кажувам тоа што веќе беше јавно објавено: целосен ветинг во прасудството ќе има, и во судството и во обвинителството – рече Заев.

Тој додаде дека горчината кај граѓаните е голема и тие со право реагираат и порача дека никој нема да се спаси од одговорност.

– Целата вистина ќе ја дознаеме и на крај сите ќе си одговараат. Никола Груевски е главата на криминалните дела, тоа треба да го докаже судот. Ако народот прави притисок на министрите, на сите, треба и судството да работи. Мора да си ја средиме државата – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...