Град Скопје утре ќе го објави јавниот повик за субвенции за велосипеди

463

Град Скопје утре ќе го објави јавниот повик за доделување субвенции за велосипеди. Градоначалникот Петре Шилегов рече дека годинава се воведени измени за да се овозможи поголем број граѓани да добијат субвенции. Годинава првпат им е овозможено и на лицата со телесен инвалидитет да добијат можност да аплицираат на јавниот повик.

– На овој начин, со мало намалување на максималната висината на субвенцијата, обезбедуваме субвенции за велосипеди за речиси 1.000 граѓани повеќе во однос на минатата година. Со тоа, почнувајќи од утре, секој граѓанин на Скопје кој ќе купи велосипед во согласност со условите во јавниот повик, ќе има можност да добие субвенција по принципот прв дојден – прв услужен“ – рече градоначалникот Шилегов.

Максималниот износ за одделна субвенција за купување велосипед за лице е 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход. Новитет во јавниот повик за набавка на велосипеди е тоа што оваа година Град Скопје ќе субвенционира набавка на рачни велосипеди (велосипед на рачен погон), како и рачни велосипеди со електрични помагала за лица со посебни потреби. Град Скопје ќе субвенционира 50 отсто од вредноста на рачниот велосипед и рачниот велосипед со електрично помагало за лица со посебни потреби, но не повеќе од 90.000 денари за лице, со вклучен персонален данок на доход.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...