Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Како што јави денес ТГ24, градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, изјавил дека штетата предизвикана од високиот водостој во последните неколку дена е поголема од милијарда евра. Бруњаро денес повика да се размисли за формирање на меѓународна агенција за води во Венеција.

598

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна состојба. Нивото на вода достигна 160 сантиметри, но најлошото допрва се очекува.

Околу 80 проценти од градот беше поплавен, сообраќајот е запрен, училиштата, продавниците и канцелариите се затворени. Досега загинаа четири лица.

Како што јави денес ТГ24, градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, изјавил дека штетата предизвикана од високиот водостој во последните неколку дена е поголема од милијарда евра. Бруњаро денес повика да се размисли за формирање на меѓународна агенција за води во Венеција.

– Така, научниците од целиот свет кои сакаат да дадат придонес ќе можат да го сторат тоа. Венеција е прв показател на она што ќе се случи во целиот свет поради климатските промени. Затоа, ако Венеција победи, сите ние ќе победиме – заклучи Бруњаро.

Но, не е само Венеција погодена од лошото време, туку и други делови на Италија. Портокалов аларм е на сила во Тоскана, која ќе биде погодена од пороен дожд и невреме. Јужен Тирол е покриен со снег, а пожарникарите имаат полни раце работа.

Проблеми има и во Лацио и на подрачјето на Рим, каде се очекуваат невреме и бранови. Во еден дел од течението на реката По, нивото на водата се зголемило за 1,5 метри во рок од 24 часа. Со оглед на обилните врнежи од дожд, се очекува да продолжи да расте.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...