Музичкиот продуцент и диџеј Тим Берглинг, познат како Диџеј Авичи бил пронајден мртов во Оман, објави неговиот издавач.
Неговиот издавач, Диана Барон, објави дека семејството на 28-годишниот диџеј е потресено и побара да се почитува приватноста.
Шведската музичка ѕвезда имаше неколку хитови кои се искачија високо на ранг-листите, а има соработки и со изведувачи како Мадона и Колдплеј.
Тим Берглинг беше роден на 8 Септември 1989 во Стокхолм, Шведска. Тој започнал со правење на ремикси, и создавање на свои сопствени траки на возраст од 18 години во својата соба. Неговите пријатели го убедиле да ја постави неговата работа на разни блогови на интернет, што доведе до стекнување на голема популарност меѓу публиката и поддршка од продуцентот и ДЈ Тиесто кој го покани на еднонеделен престој во најголемиот ноќен клуб Privilege, во Ибица. Исто така, тој доби поддршка и од Пит Тонг кој издаде неговиот прв сингл Manman. Во Мај 2008 година, Авичи потпиша договор со Аt Night менаџмент.
Фото: EPA/JASON SZENES