Папата Франциск: Политичарите кои шират омраза кон хомосексуалците, Ромите и Евреите се како Хитлер

159

Папата Франциск изјави дека политичарите кои изразуваат омраза кон хомосексуалците, Ромите и Евреите го потсетуваат на Хитлер.

– Не случајно повторно се појавуваат симболи типични за нацизмот – рече папата во говорот на меѓународната конференција за кривично право.

Тој рече дека говорите на некои одговорни за редот или работата на владата потсетуваат на говорите на Хитлер во 1934 и 1936 година.

– Прогонот на Евреите, Ромите и лицата со хомосексуални склоности, претставува во вистинска смисла на зборот култура на отфрлање и омраза. Тоа се правеше во тие времиња, а денес се случува повторно – рече папата.

Папата Франциск не ги именуваше политичарите ниту државите опфатени со неговата критика.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...