Експремиерот Владо Бучковски денеска при завршните зборови на судењето за „Тенковските делови“, се спаси од казна бидејќи делото застарело.
– На денешното рочиште за „Тенковски делови“, јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење. Одбраната сепак побара да даде завршен збор на следното рочиште кое се закажа за ден 22.11.2019 година во 13:30 часот, објави Коалицијата за правично судење.
Предметот почна во 2007 година, а ова беше трето судење.
Обвинителството за организиран криминал во јули 2007 година поднесе обвинение против Бучковски и Стамболиски за злоупотреба на функциите, за резервни делови за армиските тенкови со кои причиниле штета од околу 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.
Фото: EPA/DARKO ANDONOVSKI