Надлежните да реагираат за сексизмот насочен кон Даниела Рангелова и Нола Исмајлоска

4338

Изразуваме сериозна загриженост за сексизамот насочен кон пратеничките Даниела Рангелова и Нола Исмајлоска Старова  изразен преку  социјалните медиумите и во  јавноста, реагира Интерресорската група за еднакви можности на жените и мажите и од Обвинителството бара поактивно да реагира.

– Обвинителство проактивно и по допрен глас да реагира на сексизмот и говорот на омраза. Министерството за внатрешни работи да спроведува ефикасни истраги за електронски криминал. Да се зајакнат капацитетите на Министерство за внатрешни работи и Обвинителството за да препознаваат и да прогонуваат говор на омраза (знаење и технички капацитети). Изработка на јасни упатства/протоколи/ насоки за постапување за случаи на говор на омраза и систем за прибирање на податоци. Измени на законите за медиуми преку поширока дебата со цел вклучување и на порталите во регулација бидејќи говорот на омраза тука најмногу се случува. Интерни политики и развој на капацитетите на политичките партии со цел превенција од говор на омраза и градење на внатрешни механизми за справување со говор на омраза. Итна ревизија на сите учебници од секој степен на образование, заради вметнување на позитивни содржини со соодветна репрезентација на жените, родово и сексуални различните и етничките малцинства, луѓето со попреченост и другите групи, се вели во соопштението и бара во согласност со член 18 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Собранието да избере Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...