Конгресот на ДУИ на 21 декември

105

На денешната седница на централното претседателство на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) беше донесена одлука 4-тиот конгрес да се одржи на 21 декември во Скопје. Партискиот портпарол Бујар Османи рече дека конгресот претставува кулминација на внатрешниот изборен процес во партијата низ ограноците.

– Самте бевте сведоци на еден исклучително демократски внатрешен процес со што ДУИ навистина воспоставува стандарди на демократска внатрешна компететивност и селекција. Сето тоа треба да кулминира на конгресот при што ќе се избира централниот одбор, претседателот на партијата, но исто така ќе се утврди и мисијата на ДУИ за наредниот период, петте резолуции кои што ќе бидат донесени како и статурните измени и новата програма – изјави Османи.

За предвремените парламентарни избори догодина нема конечни одлуки, а според Османи нема да има една изборна единица.

– На овие избори нема да има, ниту има официјално барање на состаноците на кои се разговара за подготовка на изборите – рече Османи.

На новинарско барање за коментар за една кадровска замена во МВР, наводно на релации СДСМ-ДУИ, Османи изјави дека полицијата е непартиска и таква треба да остане.

– Тоа е ставот на ДУИ дека полицијата треба да биде надвор од партиските влијанија, но никој не смее да биде дискриминира заради своите политички убедувања надвор од полициската служба – рече Османи.

Дел седницата на претседателството е направен и пресек на развојот на политчките настани во земјата, но и во регионот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...