Со усвојување на Одлуките за одобрување на финансиски средства на проекти од областа за заштита на животната средина, природата и енергетската ефикасност, на денешната седница на Советот на Општина Карпош, локалната самоуправа дополнително презема мерки за намалување на загадувањето и подобрување на амбиенталниот воздух, соопшти Општината.
Се одобрија и финансиски средства на Организацијата на жени на Град Скопје за проектот „ Превенција на врсничко насилство во основните училишта на територијата на Општина Карпош“, како и финансиска поддршка на Здружение за меѓукултурна соработка – Отворена забава за сите Скопје за проектот „ Спорт за сите“.