САДУ: Судската администрација излезе на протест за да ја зголеми платата на судиите

77

Судската администрација излезе на еден и пол часовен протест за да ја зголеми и онака големата плата на судиите. Судската администрација во режија на УПОЗ само го верификува она што судската фела и го сакаше, процентуална еднаквост на додатоците на плата, порачуваат од Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија (САДУ).

Сметаме, се додава во соопштението на САДУ, дека со овој чекор се прави голема неправда и ќе доведе до изразена нееднаквост на и онака големата разлика во примањата ќе стане уште поголема.

– Бидејќи примањата на судиите се многу поголеми од вработените во судската администрација, додатокот на судија за ризик сега ќе изнесува 7.000 денари, а на судските службеници 1.500 денари, а замислете УПОЗ ќе креира еднаквост на штета на вработените во судовите, велат од САДУ и потенцираат дека додатоците на плата мора да бидат со исти реални вредности, бидејќи тие не се плата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...