Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ може да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид.
Според „Mувистар +“, „рохибланкос“ се подготвени да го купат хрватскиот репрезентативец во јануари за 40 милиони евра.
Ракитиќ размислува за различни опции во кариерата поради неговата мала минутажа.
Триесет и едно-годишниот играч од средниот ред играше на седум натпревари од Ла Лига оваа сезона, но нема поминато 90 минути на теренот.