Столтенберг: Членките на НАТО мора да обезбедат сигурен начин на комуникација

109

Земјите членки на НАТО и оние кои се стремат да влезат во Алијансата, како што е Северна Македонија, мора да ги задоволат сите стандарди, вклучително и оние за безбеден и сигурен начин на комуникација, вели генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт Јенс Столтенберг во интервју за „Гласот на Америка“.

– Тие треба да исполнат одредени барања кога станува збор за цивилната инфраструктура и телекомуникациите, како што е 5Г технологијата – вели Столтенберг, одговарајќи на прашањето за загриженоста околу улогата на Кина во регионот кога станува збор за употребата на нова 5Г технологија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...