По поплавите во Венеција, нивото на водата повторно расте

Италијанската Влада прогласи вонредна состојба во Венеција откако нивото на водата се искачи на 187 сантиметри.

125
ФОТО: EPA / ANDREA MEROLA

Нивото на водата во Венеција повторно расте, три дена по најголемото забележано ниво на поплави во последните 50 години.

Се предвидува нивото на водата денеска да се искачи на 160 сантиметри, што е многу над нормалното ниво.

На Плоштадот Свети Марко водата сега е „до колена“.

Италијанската Влада прогласи вонредна состојба во Венеција откако нивото на водата се искачи на 187 сантиметри.

Поплавите во Венеција се предизвикани од обилните дождови, полната Месечина, високата плима и ветерот.

Венеција почна со изградба на подвижни бариери наречени „Мојсиј“, чија цел е да ги спречат поплавите. Но, подвижните бариери наидоа на критики од екологистите, кои оценуваат дека со тоа ќе биде уништен екосистемот на заливот, како и поради зголемените трошоци и скандалот со корупцијата.

ФОТО: EPA / ANDREA MEROLA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...