Австралијанецот Паул ја социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа порака која му ја оставиле пожарникарите кои неговата куќа ја спасиле од пламениците јазици.
Кога сопственикот се вратил во својот дом во Нов Јужен Велс во кујната нашол порака потпишана од локалните пожарникари.
„Задоволство ни е што успеавме да ја спасиме вашата куќа. П.С. ви должиме млеко“, стои во пораката.
Пожарникарите воедно му се извинуват што не успеале да ја спасат шупата која се наоѓала во дворот. Паул додава дека подобра порака нема добиено „од утрото по неговата венчавка“.
Фотографијата на социјалните мрежи ја споделија голем број корисници, а објавата стигна и до пожарникарот кој истата ја напишал.
„Мило ми е што пораката стигна до вас. Кратко се засолнивме во вашата куќа и тогаш го видовме фрижидерот. Извинете за лошиот ракопис, беше веќе доцна и ништо не се гледаше. Задоволство ни е што направивме нешто позитивно во оие страшни услови“, му одговори пожарникарот на Фејсбук.
Австралија веќе со денови се бори со пожарите во кои досега настрадаа три лица, а изгореа 150 куќи.
FOTO: Printskrin/Fejsbuk