Милошоски: Една година јавноста го чека извештајот за тоа како експремиерот бил недостапен

1230

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва во гостување во „Само вистина“ на телевизија Канал 5 изрази сомнеж дека застарувањето на некои предмети на СЈО не се случајни и дека е можно да има како што вели, позадински договор за тоа помеѓу влијателни актери во државата вклучително и премиерот Зоран Заев со блиски соработници на експремиерот Никола Груевски.

– Застарувањата не се случајни и мојот сомнеж е дека постои некој таен, позадински договор помеѓу одредени влијателни актери во државата, вклучувајќи го тука и самиот прв човек на Владата, но и оние кои претходно биле влијателни на таа позиција, некој премолчен договор да не се стигне можеби до целосната вистина по одредени случаи.  Инаку, како поинаку ние би го разбрале сведочењето на господинот Верушевски кој беше прв соработник, и уште е, на господинот Заев и беше човекот кој ги имаше на располагање тие прислушувани материјали, кога на едно од последните рочишта кажа дека голем дел од тие материјали биле компромитирани – рече Милошоски.

Тој  оцени дека оваа изјава на Верушевски е дадена наменски за да му помогне некому.

– Една година јавноста е во исчекување да види каде е извештајот од МВР и ЈО за тоа како се случи поранешниот премиер да биде недостапен и да не биде веќе присутен во земјата. Откако се случи тој настан кој предизвика голема бура, турбуленции критични кон самата власт, премиерот, министерот за внатрешни работи и ЈО кажаа дека „работиме на случајот и во најскоро можно време ќе излеземе со извештај за тоа што се случило и како се случило – рече Милошоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...