Мнозинството успеа предоцна да сонува

Десет години подоцна, изгледа ни се случи тоа што обично на сите им се случува, онаа чудна мешавина на блаженство и проклетство: соништата ни се остварија. Прекрасно?

447

Kога во сегашноста нема многу поводи за славје, „подоброто минато“ секогаш ни доаѓа како резервно решение, како нешто на кое ќе се навраќаме, како компензација за непријатниот „презент“. Македонија овој месец одбележува една – тешко е, сепак, да се рече „слави“ – годишнина од падот на режимот. Уште сега забележувам дека помислувате како се работи за некаков јубилеј, но за тоа подолу.

Добро, да повториме, режимот падна на избори, ама Груевски – тој барем не страдаше, до пред самиот крај, од недостиг на инстинкт за самоодржување – точно претчувствуваше дека порано или подоцна се ќе отиде по ѓаволите.
Како и да беше, минатата пролет, сите градови од Македонија, шокирани од спознанието дека им се кезеше право в сурат, зовриваше и Скопје, и сè она најдобро што Македонија го има – а да не се упатило преку граница во неповрат, се дигна некако, се исправи на „клецави“ нозе после зашеметениот десетгодишен нокаут, се помрдна во одбрана на граѓанската честитост и интегритет.

Учесник и сведок

Велам „клецаво“ затоа што, да бидеме на чисто, не можеше да остане многу од расположливите залихи на кое било и чие било достоинство во една земја во која со совршен мир – освен немоќните, одвај чујните крикови на шака од „внатрешни непријатели“ – го премолчеа Скопје 2014, ја премолчеа системската кражба, ја премолчеа системската корупција и цела македонска агонија, и уште прилично многу други работи. Времето беше погубно за „пролет во есен“, но сепак режимот падна и нова влада се конституира – и дојде време персонификацијата на нашиот Пад да отплови некаде далеку, каде било, таму каде што никогаш повеќе нема да може да прави активна штета.

Многу, уште многу поодамна се зборуваше и се пишуваше – неретко од колоритното македонско претерување – за тоа дека Македонија во тие ладни десетгодишни лудила, и пред самиот крај, покажа две лица: едно грозно, злобно и грдо, а другото убаво, благородно, храбро, она лице кое можеше да си се види во оваа од Бога заборавена земја, докажувајќи ни дека овде не живеат само злостори и пљачкаши, „патриотски“ ебиветри со нивните неписмени селски „флундри“ промовирани во нивни „угледни“ сопруги. Но, дури и кога оваа приказна ќе се уруши, ќе пропадне, и после сè останува и доволно „здрав разум“: без разлика колку задоцнето делуваше, без разлика колку идеолошки еклектичен беше, што значи беше многу повеќе инстиктивен одошто промислен, таквата масовна пркос и револт навистина во себе имаа нешто вонсериско, тој бунт во себе длабоко еманираше еден сет од заборавени вредности – поточно: системско убивање, и на крајот после година дена длабоко искоренето – трудејќи се да ни покаже дека за оваа земја надеж има, или дека за неа одново шанса ќе има, само ако се обидуваме секојдневно да работиме на неа.

И самиот бев, што би се рекло „учесник и сведок“ во тие случки, а не само „оној што пишува“ – и кој беше, зошто лажна скромност, тука и тамо, фрлач на цеваници за масовниот Бунт… – а пред сè најмногу како граѓанин, како еден од оние непрегледни маси што секојдневно и секоеноќно го мрдаа замрзнатиот македонски асфалт, бегаше од забудалените полициски пендреци, покажувајќи им „бришка“ на сите оние сомнителни „контрамитингаши“ што беа создадени да му го чуваат стравот, што по извесно време се докажа дека тие беа повеќе уплашени од него.

Остварен сон

Десет години подоцна, изгледа ни се случи тоа што обично на сите им се случува, онаа чудна мешавина на блаженство и проклетство: соништата ни се остварија. Прекрасно? О, да, ама тоа е затоа што „мнозинството успеа предоцна да сонува“. Тиранинот отиде, прво од власт, а потоа претпоставувам ќе отиде и од политиката. Остана она најтешкото: да отиде од контаминираните глави на луѓето, оние луѓе што не можат повеќе да мислат и чувствуваат надвор од матрицата на Злото, а притоа убедени дека прават добро, дека се само „луѓе што си го сакаат својот народ“. Него повеќе го нема на кормилото на нашите судбини. Оние кои беа главни во отпорите, бунтовите, маршевите, денес зазедоа важни места во државата. Тоа на многу луѓе им дојде како кец на десетка, односно невиден успех, па дури и ако сакате „триумф во нашите зимски незадоволвства“, па верувам дека тоа нема повторно да се измени во најлоша смисла.

Што сакам денес, се прашувате? Сакам држава во која студентите ќе се бунат само поради „тешките приемни испити“, или високите школарини. Таква слика сакам да гледам, знам, одвратно е, ама тоа е сепак порака за се она што е подобро, а нели „за тоа се боревме“? Само диктатурите, имено, можат да бидат – како неизбежна патологија во својата бруталност – нешта кои произведуваат големи општествени движења и бунтови. Каква-таква-демократија (а овдешната е „најкакватаква“ демократија на континентот), комбинирана со примитивна варијанта од државен капитализам (и тоа, гледај, постои!) така што во луѓето веројатно го активира „себичниот ген“, и ништо повеќе.

Сенките на минатите бунтови ќе ги завеат дождови и виулици – инаку, една од суровите појави во познатата вселена – а на нејзиниот спомен денес паразитираат најмногу оние што сторија се за да ја обесмислат. Но, и тоа е веројатно „закон на природата“: паразитите не би биле паразити кога би знаеле нешто подобро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...