Пендаровски: „Рекет“ не е предуслов за датум за преговори со ЕУ

157

Случајот „Рекет“ не е предуслов за датум за преговори, но кога ќе почнете да преговарате ако тие процедури не одат по закон вие не можете да прогресирате напред до влез во Евроспката унија, вели за Топ Тема претседателот на државата Стево Пендаровски.

– Тоа е базичен тест за отпорноста на институциите од политички влијанија. Многу е важно за влезот во ЕУ да го поминеме тој тест. Се може да се направи брилијатно, но доколку киксирате кај корупцијата интеграцијата ќе престане веднаш – вели Пендаровски.

На прашањето зошто оваа влада во текот на нејзиниот мандат не успеа да направи било какви реформи во правосудството, претседателот Пендаровски одговори дека причината е тоа што преголема енергија била потрошена на евроинтеграциските процеси односно на договорите со Грција, Бугарија и Законот за јазици и дека е потребно уште време за да се извршат тие реформи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...