Во Полициска станица Кичево од страна на кичевскиот Центар за социјални работи вчера било пријавено дека А.А.(46) од село Зајас, кичевско, извршил обид за обљуба на малолетничка, со чија мајка живеел во вонбрачна заедница.
Во координација со Јавен обвинител, стои во соопштението од МВР, А.А. е лишен од слобода.