Аргентинскиот фудбалер Хавиер Маскерано по само неколку месеци поминати во кинескиот клуб Хабеј сака да се врати во Ривер Плата.
Маскерано во јануари поради примамливата понуда на кинескиот клуб си замина од Барселона и потпиша договор со Хабеј до 2020 година со можност за раскинување една година порано.
Според шпанскиот весник „Спорт“, 33-годишниот фудбалер набргу по пристигнувањето во Кина сфатил дека погрешил со одлуката.
Тој изразил желба повторно да го облече дресот на неговиот матичен клуб, аргентинскиот гигант Ривер Плата, за кој настапуваше од 1999 до 2005 година.
Фото: EPA/ENRIC FONTCUBERTA