Возач загина во тешка сообраќајна несреќа во Љубљана. Возило „опел корса“ изгубило контрола и се судрило со приколката на камионот. Ударот бил толку силен, што камионот удрил во заштитната ограда, а потоа паднал од мостот од 20 метри висина.
Загинатиот имал 53 години и бил од Унгарија. Возачот на автомобилот не се здобил со повреди, а уште едно возило е оштетено во несреќата.