Пет часа сведочеше обезбедувањето на Груевски, во понеделник на ред е Урко

2611

Подолго од пет часа сведочеа 11-те сведоци кои ги предложија адвокатите и Никола Груевски во предметот за набавката на луксузниот мерцедес од 600.000 евра. Судењето ќе продолжи цо понеделник кога ќе сведочат уште осум сведоци на одбраната меѓу кои и поранешниот шеф на обезбедувањето на Груевски, Дејан Митревски Урко.

Денеска во судница се појавија членови од обезбедувањето на поранешниот премиер, личниот возач, возачи кои ги возеле другите автомобили од колоната, лица кои биле задолжени да прават антитерористичка и проверка од експлозиви итн.

Сите сведочења како што информиравме во текот на денот, беа во насока на тоа дека стариот блиндиран мерцедес со кој се возел Груевски бил често во дефект, се чекало и со месеци за резервни делови, не бил на доволното безбедносни ниво. Зборуваа дека често го позајмувале блиндираниот мерцедес од МВР, но ни тој не бил на потребното безбедносно ниво и често бил неисправен.

Груевски по завршувањето на рочиштето се пожали дека и денес го задржале по завршувањето на работното време, но кажа и оти соте 11 сведоци што ги предложиле тој и неговите адвокати сведочеле во негова полза.

– Сметам дека се релевантни, тоа ме посоветуваа и моите адвокати- одговори Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека сведоците кои денеска зборуваа дека старото возило било често неисправно и имало потреба од ново блиндирано се релевантни со оглед на тоа што предметот се однесува на нелегална набавка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...