Нaјмалку едно лице загина, а тројца се повредени откако студент отвори оган во колеџот во Благовешченск, регионот Амур, далечниот исток на Русија. По пукотницата напаѓачот се самоуби.
– Телата на две момчиња, меѓу кои и на напаѓачот се пронајдени на местото на инцидентот. Според прелиминарните информации, три лица се повредени, а едно е во критична состојба – соопшти руското Министерство за внатрешни работи.
Полицијата била алармирана од еден студент, а кога пристигнала го пронашла напаѓачот на вториот кат од колеџот, но тој пукал и врз нив. Полицајците возвратиле на огнот.
Напаѓачот бил 19-годишен студент, а повредените момчиња се на 17, 19 и 20 годишна возраст.
Според полицијата напаѓачот најверојатно бил во судир со колегите.
Според неименуван извор од Службата за вонредни ситуации, напаѓачот почнал да пука откако му било кажано да ја напушти училницата бидејќи доцнел.