14 возила за јавен превоз во Тетово со неисправни сопирачки, осум без технички преглед

Акциска контрола за техничка исправност на возилата, завчера од 9 до 13 часот била спроведена и на гостиварското подрачје. Притоа, кај пет возила била откриена неисправност на сопирачките, а едно возило било со истечена регистрација

70

Во Тетово вчера е спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси комбиња. Со контролата било утврдено дека 14 возила имале неисправни сопирачки, едно истечена регистрација и осум биле со неизвршен технички  преглед. Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. Соодветно се санкционирани и 4 други видови прекршоци.

Акциска контрола за техничка исправност на возилата, завчера од 9 до 13 часот била спроведена и на гостиварското подрачје. Притоа, кај пет возила била откриена неисправност на сопирачките, а едно возило било со истечена регистрација, поради што тие се исклучени од сообраќај и санкционирани со соодветни налози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...