Со новиот мерцедес до Пробиштип се возел и Димитриев 

1417

Бидејќи стариот блиндиран мерцедес често се распипувал, не бил на потребното ниво на безбедност со новиот мерцедес што го купила владата на Груевски се возел и техничкиот премиер Емил Димитриев.

Член од обезбедувањето кој денеска сведочеше кажа дека поради небезбедноста на стариот мерцедес и лошиот пат до Пробиштип каде живее Димитриев го превезувале и него до дома со новиот мерцедес.

Покрај него, во новиот мерцедес и последниот од 11-те сведоци кажа оти се возеле странски делегации. За стариот сподели неколку случки кога имале дефект па Груевски како претседател на Владата морал да се префрла во другите возила од колоната кои не биле на соодветно безбедносно ниво.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...