Градоначалникот на Венеција, Луиџи Буруњаро изјави вчера по новиот бран поплави дека штетите во овој историски град по најголемата поплава во последните 50 години ќе бидат стотици милиони евра. Во поплавата загинаa и двајца повозрасни мажи.
– Венеција е на колена. Базиликата Свети Марко претрпе сериозни штети, како и целиот град и неговите острови – напиша Буруњаро на Твитер.
Во Венеција, криптата под базиликата Свети Марко беше поплавена по втор пат во историјата, при што вода влегувала и низ прозорците.
ФОТО: EPA / ANDREA MEROLA